Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло време, поради што ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка на планините.
Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од 12 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен југозападен ветер.
Утринската температура до еден степен, а дневната температура ќе достигне до 20 степени.
Во понеделник во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.
Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.