552
Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.