Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотарен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од еден до 9, а максималната од 18 до 24 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во вторник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне претежно во источните и северните делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд и појава на ретки грмежи.
Во среда времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд и појава на ретки грмежи.
Сончево и топло со умерена облачност ќе има и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Времето во петок како и „традиционално“ за првомајскиот празник ќе биде сончево и топло, но со дожд во текот на денот.