Временска прогноза до крајот на неделата

од Берта Китинска
232 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 од 15, а највисоката дневна температура ќе достигне до 24 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во наредните денови ќе биде стабилно, суво и потопло. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Слични содржини