Временска прогноза- и дожд и снег

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на некои повисоки планини со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, повеќето ќе биде изразен во источните делови на земјава.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време. Ќе има услови за слабо проврнување на локален дожд, на планините снег. Ќе има сончеви периоди, а температурата ќе биде во благо покачување. Од четврток и за време на викендот се очекува затоплување.