Временска прогноза: Не излегувајте без чадор, ќе врне

од Nikola Popovski
164 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, известуваат од УХМР.

Уште од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи понекаде и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, краткотрајно пороен и со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе достигне 17 степени.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.