Временска прогноза: Сончево и студено со мала до умерена облачност

од desk4
80 прегледи

– Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од минус четири до седум степени.

Во Скопје ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до пет степени.

Во сабота ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.