Временска за наредните денови- на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13

од Берта Китинска
258 прегледи

Променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во вторник претпладне ќе има услови за провејување на снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во следните два дена времето ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во четврток кон крајот на денот и во петок.
Најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово 13, а во Крушево 7.

Слични содржини