Времето денес: Сончево и многу топло со температури до 39 степени

од desk3
10 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Како што најавуваат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Фото: freepik.com