175
Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.