158
Денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени, додека од среда, а особено од четврток па натаму ќе бележат тенденција на голем пораст и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од Африка.