Пробиотиците често треба да ги земаме како додаток во исхраната, особено при антибиотска терапија. Но, не е сеедно во кој дел од денот ги пиете.
За да го извлечете максималниот бенефит од пробиотиците, најпрво, треба да ги пиете неколку часа по антибиотикот, најдобро е да поминат барем четири, за да не се поништат нивните дејства.
Пробиотиците се најефикасно решение за дигестивни проблеми. Тие успешно се борат со надуеност, дијареја и гасови. Тие се наш чест придружник при патувања и често се препорачува нивно користење во комбинација со антибиотици. Сепак, малкумина знаат дека постои временска рамка во која тие се најефикасни.
Со оглед на тоа што целта е што подолго да ги задржиме во себе, најдобро е да ги консумираме пред спиење. Во текот на ноќта цревата се „помрзливи“ и помалку активни, а со тоа и активните состојки на пробиотикот подолго остануваат во нашиот организам. Во секој друг дел од денот, исфрламе преку изметот голема количина од активните бактерии без воопшто да бидат искористени.