Времето сончево со умерена облачност

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието, каде на места ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе се движи од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува шест.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од УХМР најавуваат дека денеска ќе има стабилизирање на времето, а во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.

Во понеделник претпладне се уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Слични содржини