Времето утре облачно и ветровито со слаб дожд, од понеделник стабилно со студени утра

од Stefanija Kuzmanovska

Времето утре во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер, што ќе услови значително опаѓање на дневната температура.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 16 до 23 степени. УВ=5.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Услови за локален дожд ќе има во среда.

Слични содржини