Времето утре претежно сончево и топло, в сабота попладне и ноќта кон недела можно невреме

од desk2
7 прегледи

Времето во земјава утре ќе биде претежно сончево и топло, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури наутро ќе се движат од 6 Целзиусови степени во Берово, преку 10 степени во Маврово, Крива Паланка и Битола, до 17 степени во Гевгелија.

Дневните температури ќе се движат помеѓу 27 степени во Маврово, 29 степени во Берово и Охрид, до максимални 36 Целзиусови степени во Скопје и Велес.

В петок времето исто така ќе биде сончево и топло, со пораст на дневните температури.

В сабота попладне и во текот на ноќта кон недела, времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а в недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури.

Потоа следува период на стабилно и потопло време, вели прогнозата на УХМР.