Времето утре променливо облачно со поројни врнежи

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

УХМР соопшти дека утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 километри на час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според УХМР, под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 литри на метар квадратен за целиот период). Потоа, до средината на следната недела ќе преовладува стабилно време.

Слични содржини