Врховен апелационен суд во Турција ја укина пресудите за аферата “Ергенекон”

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Осудата во 2013 година на стотици луѓе, меѓу кои десетици високи офицери, на долги години затвор за обид за државен удар, вчера беше укината  од турски Врховен апелационен суд.

4778181 (1)Судот ја ослободи одлука за поништување со “недостаток на докази”, укажува на постоење на “терористичка организација”, која сакала да ја собори владата на премиерот Реџеп Ердоган, сега претседател. Во 2013 година по оваа премногу заплеткана афера наречена “Ергенекон” осудени се  275 лица. Апелациониот суд откри бројни неправилности во истрагата, меѓу кои упатување на незаконско прислушување, сведоци без идентитет, како и неправилности при формирањето на судот, кој испрати во затвор 275 лица, вклучително и поранешниот началник на Генералштабот на турската армија Илкер Басбуг, осуден на доживотен затвор во тоа дело.

Во оваа најголема   резонантна во поновата историја на земјата судска сага, обвинителите соопштија дека ги откриле сеништа “длабоко (скриена) држава”, чија цел била да подгрева немири и извршување на преврат. Во 2014 година турскиот суд дојде до определување на мрежата наречена “Ергенекон”, како “вооружена терористичка организација”. Многу обвинети потоа беа ослободени во месеци по осудата, откако докажаа дека нивните права биле прекршени, но на многу од нив им беше забрането да ја напуштат земјата. Приврзаниците на Ердоган го обвинија муслиманскиот проповедник Фетхуллах Гулен, дека сака да ја ослабне армијата. Тие одеа со фабрикувани невистински докази за процесот против офицерите. Фетхулах Гулен живее и работи во егзил во САД. Тој е поранешен сојузник, а сега непријател број еден на исламско-конзервативниот претседател Ердоган.

Во одговор на одлуката на Врховниот апелационен суд, турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган го  обвини на “Твитер” Гулен дека го “затрул судскиот процес”. Реџеп Ердоган уште во почетокот беше сметан за потикнувач на овие истраги – дел од битката против армиските лидери кои со децении си поставуваат задача да го обезбедат секуларниот карактер на Турција.

Се започна во 2007 година со отворањето на магацин со муниција кај поранешен армиски офицер. По истрагата на случајот, обвинителите тврдеа дека ова откритие ги довело до размотување на мрежата од офицери, полицајци и новинари, наречена “Ергенекон”, кои имале намера да направат преврат. Судејќи според овој процес 275 лица  отфрлија учество во каков и да е обид за државен удар, и  тврдеа дека употребените од судот докази биле наместени.

тур арТурската армија, втората по број по онаа на САД во НАТО, е одговорна за три преврати: во 1960 година, 1971 година и 1980 година и соборувањето на владата со исламска наклонетост во 1997 година, на чело со Неџметин Ербакан, политичкиот ментор на Ердоган . Ердоган, кој првично ја зголеми чистката и процесите против офицерите  кои го сметаат за непријателски неговиот режим, потоа направи драматичен пресврт, обвинувајќи го братството на муслиманскиот проповедник Фетхуллах Гулен против кого е е насочена истрагата и случајот “Ергенекон”.

Овој пресврт станува извесно време по обвинувањата за корупција, упатени кон крајот на 2013 година кон опкружувањето на Ердоган, кој  ја виде во нив раката на својот поранешен сојузник. Турската влада врши оттогаш масовни чистки во полицијата и правосудството, со оправдување за сомнеж  дека во нив работат масовно поддржувачи на Гулен. За Кемал Киличдароглу – лидер на најголемата опозициска партија (социјалдемократската ЦХП), одлуката на апелациониот суд покажува дека “има судии во оваа земја”.  Сепак, Илка Сезер, адвокат на поранешниот шеф на Генералштабот, Илкер Басбуг, изјави за АФП дека може да има нов процес. “Премиерот треба да одлучи дали ќе има нов процес, како  и што се бара оспоред  уставот”, рече тој. / АФП