199
Поднесените барања од екс шефот на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски до Врховниот суд на РСМ за преиспитување на правосилна пресуда се одбиени, соопштија од судот.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат“, велат оттаму.