Врховниот командант на корпусот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) Хосеин Салами денеска на погребот на жртвите од двојниот бомбашки напад на Исламската држава (ИД) во Керман изјави дека нивната смрт ќе биде одмаздена.
Салами го поврза нападот во средата, за кој ИД ја презеде одговорноста, со САД.
Насобраните на погребот скандирале: „Смрт за Америка! и „Смрт за Израел!“, пренесе АП.