Врховниот суд донесе пресуда за предметот „Титаник“

од Nikola Popovski
863 прегледи

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 24.01.2024 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Титаник“.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе пресуда КВП-КОК2-21/23, со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК-7/18 од 28.02.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-53/22 од 18.05.2023 година, поднесени од осудените М.Ј. и К.М., ги одби како неосновани.

Апелација во јули 2023 година пресуди поблаги казни за обвинетите кои признаа вина во предметот Титаник за изборни нерегуларности. Затворските ги замени со условни за Гордана Јанкуловска и Мунир Пепиќ.

Повисокиот суд ја потврди условната казна и за Мартин Протуѓер, а ја намали за Миле Јанакиески, кој наместо четири и пол ќе треба во затвор да помине три и пол години.

„Титаник“ е првиот случај за кој на почетокот на 2016 година, тогашното СЈО отвори истрага за кривични дела против изборите и гласањето. Дел од обвинетите во овој случај, меѓу кои и Јанакиески, признаа вина. Тој и се придружи на Јанкуловска во Идризово и беа единствени двајца министри од владата на избеганиот Груевски кои завршија зад решетки.

Слични содржини