Врховниот суд ги укина пресудите за Вранишковски

од desk3
95 прегледи

Врховниот суд во целост ги укинал пресудите на Основниот и Апелцискиот суд за случајот „Вранишковски“- информираат од Основниот суд Скопје 1.

jovan-vraniskovski
Оттаму објаснуваат дека одлуката ја добиле вчера, а Врховниот суд ја донел дури на 26 февруари.

Во напатствијата на Врховниот суд стои дека при повторното постапување, првостепениот суд е должен повторно да ги изведе предложените докази, да ги отстрани противречностите, да даде јасно и непротивречно образложение за сторување на кривичното дело „перење на пари“ за кое Јован Вранишковски е прогласен за виновен и осуден.

Со ваквото постапување врз основа на правилно утврдена фактичка состојба, судот да донесе правилна и законита одлука во поглед на постоење на кривична одговорност на осудените, се вели во соопштението на судот.