Врховниот суд: Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење и неопходно е приоритетно да се постапува

од Nikola Popovski
18 прегледи

Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд во државата целосно ги поддржува и ги поздравува заложбите на Стејт департментот на САД кои се однесуваат на владеењето на правото и правната држава. Ова следува по вчерашното ажурирање на американската црна листа со санкции, на која беше ставен и апелацискиот судија, Енвер Беџети.

Од Судот велат дека САД даваат континуирана поддршка и исклучителен придонес за правосудството, кој е заснован на правните начела и демократските вредности.

-Нотираните податоци и укажувања во Извештаите на Стејт департментот имаат суштинско правно значење за заштитата на независноста на судството и борбата против корупцијата. Во таа насока, а во врска со нотираната корупција, неопходно е приоритетно да се постапува во согласност со законите и институционалните надлежности што е клучно за интегритетот на судството, остварувањето на целите на правдата и јакнење на јавната доверба, порачаа од Врховниот суд.

Оттаму истакнуваат дека недозволиво е да се поткопуваат темелите на судската власт преку политички влијанија, притисоци и коруптивни дејствија.

Слични содржини