234
Врховниот суд на САД одби да го суспендира законот на американската држава Тексас, кој забранува абортус по шест недели од бременоста.
Судскиот совет беше поделен, а четворица од деветте судии беа против одлуката.
Судот не одлучи за уставноста на законот, кој стапи во сила 24 часа порано, но се повика на „прашања за сложени и нови процедури“.
Забраната за абортус по шестата недела од бременоста стапи во сила во Тексас утрото на 1 септември, дури и во случаи на силување или инцест.
Ваква забрана за абортус не е донесена во ниту една земја од 1973 година.