808
Граѓаните на секој можен начин се обидуваат да ги заобиколат мерките донесени од Владата за заштита од ковид-19, особено при користењето на ковид-сертификати во затворени објекти
-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, потенцира д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“.
Според него, продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.