ВРИЕ ОД ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРИЛЕП: Се бараат наставници по се’ и сешто!

од desk2
464 прегледи

Бројот на огласи за вработување на веб страната на Агенцијата за вработување, секојдневно расте.

Особено во Прилеп секојдневно се појавуваат нови огласи за вработување на наставници и професори во основните и средните училишта.

Се бараат одделенски, наставници по мајчин јазик, ликовно образование, по стручни предмети, академски музичари…..

Речиси и да нема училиште во кое нема активен оглас за вработување.

Посетете ја веб страната на Агенцијата за вработување, одберете го Прилеп и аплицирајте!/Маркукуле