Врнежи од дожд и слаб ветер, на планините и снег

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, велат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.

Дневната температура ќе ќе достигне до 13 степени.

Слични содржини