Повеќе шелтер центри за заштита на жртите за семејно и родово-базирано насилство, поголема видливост на услугите за помош на луѓето кои доживеале насилство, беа сдел од барањата на учесниците на јавната распраправа во Собранието на комисијата за еднакви можности на жените и мажите за „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“.
Дел од учесниците во расправата рекоа дека законските решенија кои се досега донесени се добри, но зво делот на имплементацијата е потребна и подобра обученост на вработените во институциите задолжени за препознавање и превенција на насилството.
Јавната расправа за стратегијата следи по повеќе случаи на семјено насилство, но најтрагичниот беше од минатиот месец кога жена со своето шестгодишно девојче се фрли од балконот во сосптвениот стан не можејќи натаму да го трпи физичкото и психичкото насилство.
Седницата почна со жестока расправа меѓу пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците и заменик-претседателката на Комисијата, Весна Ѓорѓиева. Даути бурно реагираше дека пред почетокот на седницата потребните материјали не ги добила на албански јазик и бурно реагираше дека Собранието не го почитува Законот за јазиците. Таа рече дека ова е „психичко насилство“ врз неа и побара седницата да биде прекината, додека не ги добие материјалите на албански. На тоа Ѓорѓиева одговори дека оваа седница не е место за собирање политички поени, по што беше дадена пауза.