Врската помеѓу мајки и ќерки – најсилна од сите!

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Дали некогаш сте почувствувале и ви се чинело дека се претворате во мајка си?Едно ново истражување покажува дека сличностите помеѓу мајките и ќерките се поизразени од секоја друга директна врска, пишува stylist.co.uk.

Истражувањето е објавено во The Journal of Neuroscience и констатира дека не само личните карактеристики можат да се пренесат од мајка на ќерка, но и нарушувања како депресија, анксиозност и други слични психички и физички состојби најчесто се пренесуваат од мајки на ќерки.

Научниците утврдиле во  тоа испитување специјални структури во мозокот одговорни за регулацијата на емоциите.

Овие врски се значително позастапени кај мајки и ќерки, отколку кај врските мајка-син, татко-ќерка, татко-син, сметаат истражувачите.

Тие извршиле истражување со магнетна резонанца на 35 членови на различни семејства.

Заклучоците од спроведените тестови покажуваат дека жените се значително поголема веројатност да ги разбираат, чувствуваат и емоциите кон оние на своите мајки, отколку некој друг, и обратно.

“Единственоста на нашето истражување”, вели водителот на истражувањето Фумико Хоефт од Универзитетот во Калифорнија пред Scientific American, “е дека ние сме првите кои го испитуваат целото семејство и ги скенираме двајцата родители и потомството, за да видиме како дејствуваат нивните мозоци и на каков начин комуницирате. ”

Научниците дури се шегуваат дека тврдоглавоста исто се наследува, но и способноста за организација, реакциите и ставовите. Таквите констатации не се правени досега за докажување влијанието на мајчиниот мозок на овој на ќерките.

Следниот пат кога мајка  ви ќе ви се јави и ве праша како сте, знајте дека таа е човекот кој навистина ќе ве разбере најдобро!