Врската помеѓу сивата и белата материја е клучна за степенот на IQ

Човечката интелигенција зависи помалку од големината на мозокот отколку од начинот на неговото структурирање, е заклучокот на меѓународната научна студија, предводена од истражувачи од Универзитетот во Виена.

Научниците досега ја преувеличуваа врската помеѓу големината на мозокот и интелектуалните способности на една личност, објасни Јакоб Пичинг, експерт за когнитивна наука и еден од авторите на студијата.

Распоредот на кортексот, средниот мозок и малиот мозок, како и добрата врска помеѓу белата и сивата материја, се далеку поважни за човечката интелигенција – изјави тој и додаде дека големината на самата мозочна маса е помалку важна.

Питшинг и неговиот тим анализирале 88 претходни студии на оваа тема, кои опфатиле 8.000 случаи и ги објавиле своите откритија во списанието Neuroscience & Biobehavioral Review.

Научниците откриле и дека мажите, кои генерално имаат поголем мозок од жените, не докажале дека имаат понапредни когнитивни способности од понежниот пол.

Учесниците во истражувањето чиј мозок бил далеку поголем од просекот покажале уште посиромашни резултати на тестовите за интелигенција, забележа виенскиот научник.

Како доказ дека структурата на мозокот е најважна, Питшинг го наведе примерот на кит кој и покрај огромниот мозок, тежок девет килограми, не се см

Слични содржини