Втор ден конференција „Година на нови можности”

од Stefanija Kuzmanovska

Годишната конференција „Година на нови можности” што ја организира Владата продолжува денеска со панел дискусија на тема „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност”.

На овој, прв панел, обраќања ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

На вториот панел со наслов „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност” видео обраќање ќе има министерот за надворешни работи Бујар Османи, а ќе се обратат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Третиот панел е посветен на фискални, монетарни и даночни политики во време на криза, а како говорник е најавен министерот за финансии Фатмир Бесими. На четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство” ќе говорат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.

Слични содржини