Втор ден од штрајкот во Фондот за здравство

од Nikola Popovski
154 прегледи

Вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) втор ден штрајкуваат поради најавите за кратење на нивните плати. Сите подрачни единици и денеска нема да извршуваат работни задачи, освен најитните. Според најавеното, ќе бидат скратени услугите кои се однесуваат на барање за рехабилитација, за ортопедски помагала, заверка на ортопедски помагала, за надомести за породилно отсуство и за исплата на боледување, за осигурување во странство, за двојазични обрасци итн. Непречено ќе работат лекарските комисии што ги продолжуваат боледувањата на вработените за тие што имаат потреба.

Претседателот на Синдикатот при УПОЗ, Трпе Деаноски упати апел до Владата, на денешната седница, на која веќе пратиле допис до техничкиот премиер Талат Џафери, да отвори точка на дневен ред, да се разгледа нивното барање.

Целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО – УПОЗ стигна од Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата. Претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски, вчера изјави дека се надева дека УПОЗ ќе се избори во остварувањето на правата на своите членови, коишто им следуваат согласно законите, колективните договори и меѓународното трудово законодавство.

Доколку се исполни намалувањето на платите во ФЗО, согласно препораката како што ја дава Владата, според синдикатот, околу 500 вработени ќе примаат плата под минималецот.

Слични содржини