Демонстрантите кои протестираат против аболицијата на Иванов и политиките на ВМРО ДПМНЕ и Груевски го направија и вториот инцидент.

По демолирањето на канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје, тие од пред парламентот, тргнаа на седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
Вториот инцидент се случи пред малку кога масата демонстранти се обиде да го пробие кордонот полиција кој не им дозволува да се упатат кон седиштето на ВМРО ДПМНЕ.Две лица во кошкањето се удрени од полицијата.
Откако не поминаа покрај Собрание, и смирување на страстите, масата тргна околу од пред центарот „Палома Бјанка“ и го докршија стаклото на канцеларијата на Иванов.

Пред седиштето ги чекаат водени топови и специјални полициски сили, јавува репортерот на локално.мк
Тие бараат оставка од претседателот Иванов, одлагање на изборите, враќање на парламентот, работа на СЈО и организирање техничка влада која ќе спроведе услови за фер и демократски избори
