Втор пат во еден месец спаси фудбалер од задушување: Судија во БиХ повторно херој!

од Stefanija Kuzmanovska

Екипата на Тузла Сити славеше во неделата против Слобода во рамките на шампионатот на Босна и Херцеговина (1: 0), но веќе е јасно дека од тој натпревар нема да се зборува премногу за самиот фудбал, туку за новата херојска интервенција на судијата Антонио Бандиќ.

Само пред еден месец, тој успеа да спаси еден фудбалер од задушување на натпреварот помеѓу Сараево и Крупа, а овој пат го спаси животот на играч на Тузла, кој заврши на тревата и започна да се гуши.

Станува збор за Аднан Џафиќ, кој лежеше беспомошно на тревата. Главниот судија на натпреварот веднаш се втурна кон него, со цел да му го извади јазикот, додека другите играчи се расправаа од другата страна на теренот дали е фаул или не.

Локалните медиуми пренесуваат дека Бандиќ на тој начин го спасил од сигурно задушување, а медицинските екипи набргу потоа истрчале на терен, реагирале адекватно и го пренеле во болницата за дополнителни прегледи, каде било утврдено дека сè е во ред со него . Така Бандиќ уште еднаш се најде во центарот на вниманието на јавноста за своето херојско дело и има на што да биде горд.

Слични содржини