Претседателот на Руската Федерација во боб, Александар Зубков изјави дека натпреварувачката Надежда Сергеева дала позитивен допинг-примерок со забранета супстанција на 18-ти февруари, соопшти тој за новинската агенција ТАСС.
„Допинг-примерокот на натпреварувачката во боб Надежда Сергеева од 18 февруари е со позитивен резултат за средство за срцеви болести, кој влегува во листата на забранети“, се вели во соопштението.
„Неколку дена пред тоа, на 13 февруари, примерокот и беше чист. Медицинскиот штаб на нашиот тим не и пропишал ништо слично на Надежда. Федерацијата во боб на Русија, како и самата спортистка ќе преземат мерки и ќе сносат одговорност. Ние сфаќаме дека она што се случи може да влијае на судбината на целиот тим“, пишува уште во мислењето на федерацијата по овој спорт на Русија.