Втор “Титаник” – 800 жртви од бродот со бегалци на Лампедуза

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Жртвите на бродоломот од 19 април во Сицилијскиот теснец, во близина на островот Лампедуза, се 800 лица, соопштија од Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

20150421.pqfkjbetlh

Неголемиот брод бил преоптоварен со луѓе од Египет, Алжир, Сомалија, Нигерија, Гана, Сенегал, Мали, Замбија и Бангладеш.Како што е познато, во несреќата со “Титаник” во 1912 година загинаа 1.500 луѓе, откако новиот брод  удри во санта мраз и потона за кратко време. Се спасија се 700 лица од патниците. Спасените во Средоземното Море се само 27 лица, од кои двајца се уапсени од страна на властите во Италија како организатори на транспортот. Претходната информации беше за 400 загинати патници од илегалните бегалци.