37-годишниот моторџија кој  се обидел да ја заобиколи блокадата на демонстрантите  се судрил со камион. Подоцна умрел од повредите.  Инцидентот се случи во градот Порт Леванес, во југоисточниот дел на Дром.

Потсетуваме дека , незадоволството на т. Нар. Движење на “жолтите елеци” е насочено против зголемувањето на даноците на горивата од 1 јануари 2019 година

На 17 ноември, една жена почина поради блокадата на демонстрантите во градот Понтеведа . Таа се најде  под тркалата на автомобил управуван од мајка што оди со своето дете на лекар. Возачот  бил  преплашен од демонстрантите кои го нападнале неговиот   автомобил.

  Францускиот министер за внатрешни работи, Лорен Нунс, изјави за БФМ дека истрагата за случајот е во тек, но дека “има две жртви  кои умреле поради блокирање на улиците”.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастенер, и наредил на полицијата да ги протера демонстрантите и да ја запре блокадата на складиштата за гориво и стратешки важни точки.

Тој ја осуди радикализацијата на цивилното движење.

Претседателот Емануел Макрон, од своја страна, ги повика демонстрантите на дијалог.

Досега околу 530 лица се  повредени на демонстрациите , од кои 17 се со потешки повреди, објави АФП.