Втората најстара личност во светот почина во Полска на 116-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Текла Јуњевич, по потекло од Полска, втората најстара личност во светот, почина денеска на 116-годишна возраст, изјави нејзиниот внук за полската телевизија ТВН24.

Текла е родена во 1906 година во Крупски, село во Лавовската област на денешна Украина, која во тоа време била дел од Австро-унгарската империја.

Таа имала 12 години кога Полска станала независна во 1918 година. Се смета за најстарата личност во полската историја.

До Втората светска војна, Текла Јуњевич живеела во родниот регион, кој во меѓувоениот период бил припоен кон Полска, заедно со нејзиниот сопруг кој работел во рударската индустрија.

Семејството потоа заминало во егзил во југозападна Полска, откако регионот Лавов беше анектиран од Советскиот Сојуз во 1945 година.

„Текла остана независна до својата 103 година. Сакаше филмови, историски емисии, игри со карти, читање, дружење и патување“, велат од општина Гливице во југозападна Полска, каде таа живеела од 1945 година.

Има пет внуци, четири правнуци и четири пра правнуци, додека нејзината најмлада ќерка (93) е се уште жива.

Лусил Рандон, 118-годишна Французинка, сè уште е најстарата личност во светот, по смртта на Јапонката Кана Танака, која почина на 19 април на 119-годишна возраст.

Марија Брањас Морера, 115-годишна жена од Шпанија, сега е втората најстара личност во светот, според Американската геронтолошка истражувачка група.

Слични содржини