Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен

од Nikola Popovski
22 прегледи

Вториот од трите блока на РЕК Битола сè уште е исклучен од електроенергетскиот систем, по активирање на заштитниот механизам. Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување.

Првиот блок е на редовен годишен ремонт, а третиот е исклучен од мрежата поради намалената побарувачка од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, информираа од Електростопанство на Македонија.

Потребите за струја се покриваат преку зголемено производство на хидроелектраните и преку увоз од операторот МЕМО.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека МВР го истражува случајот „што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција“.

– Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се даваат натчовечки напори во делот на дисциплината и ремонтите. Двата блока се веќе во ремонт, а овој единствено работеше, бидејќи таква е потребата на пазарот во моментов РЕК Битола да работи со еден блок, а пикот да се пегла со други извори, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Слични содржини