
Пред нешто помалку од еден месец, Сингапур беше поздравен како една од земјите што реагираа најдобро на пандемијата од коронавирус, но вториот бран го погоди градот силно, а од 17 март бројот на потврдени случаи во Сингапур се зголеми од 266 на повеќе од 5.900.
За Сингапур, кој зафаќа површина од само 700 квадратни метри и има население од 5,7 милиони, овој број е позначаен отколку во големите земји каде бројот на новозаразени е илјадници секој ден.
Отпрвин, се чинеше дека градот-држава беше во состојба да го потисне ширењето на вирусот без да воведе рестриктивни мерки, што беше охрабрувачко за остатокот од светот.
Според анализата објавена од Си-Ен-Ен, новиот напад на коронавирус бил дополнет со фактот дека Сингапур направи превид во однос на мигрантите работници кои живеат во преполни објекти и ја потцениле стапката со која инфекцијата може да се шири во град каде не е воведен карантин.
Во текстот се посочува дека Сингапур има предности што го немаат многу поголеми земји. Има само една голема копнена граница, со Малезија и строго ги контролира луѓето што пристигнуваат со авион.
Исто така, има здравствен систем од светска класа, но исто така и склоност да воведува драконски правила кои би можеле да и донесат предност на владата при обидот да ја контролира пандемијата.
Она што првично го спречи ширењето на заразата беа мерките што вклучуваа строг карантин за сите оние што доаѓаат од странство, како и подигање на свеста кај населението за преземање превентивни мерки.
Со масовно тестирање и изолирање на сите потенцијално заразени, Сингапур беше во можност да остане релативно отворена и да продолжи да функционира како и обично.
Меѓутоа, кога мерките се покажаа неуспешни, стапката со која вирусот може да се шири од личност до личност стана поголема отколку што ќе беше ако се воведеа мерки за ограничување и социјална оддалеченост, според Си-Ен-Ен.