Од Министерството за труд и социјална политика, соопштија дека 8. декември е нработен ден, односно „Св. Климент Охридски“ и тоа за сите граѓани на С.Македонија.

Св. Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денес Св. Климент Охридски се почитува како заштитник на С.Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.

Слични содржини