Вучевиќ го предводеше Орландо до петтата победа по ред

од desk4
77 прегледи

Предводена од црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ, екипата на Орландо меџик ноќеска го забележа петтиот триумф во низа во НБА лигата. Совладана беше Филаделфија со 119:98.

Вучевиќ мечот го заврши со 28 поени, 11 скока и четири асистенции.

По оваа победа Орландо си ги зголеми шансите за пласман во плеј-офот.

Резултати на другите три натпревари играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Мемфис – Оклахома 115:103
Јута – Феникс 125:92
Портланд – Бруклин 148:144 по две продолженија.