Вучевиќ: Мора да ја зачуваме државата, не е прашање на партија и мандат

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Претседателот на Српската напредна партија Милош Вучевиќ денеска на форум на СНС во Жабљ изјави дека на Војводина и е место во Србија, нагласувајќи дека сега главната цел е да се зачува државата.

„Сите овие тензии и поделби, сите ќе поминат. За нас е најважно да ја зачуваме Србија. Не Србија само како нешто што го сакаме, туку да ја зачуваме државата. Не се работи за партија и мандат, овие протести, туку за опстанок на државата. Ова што се случуваше во последните три месеци нема никаква врска со трагедијата што се случи во Нови Сад, што вчера можевме да го видиме во тој град, кога правеа карневали“, рече Вучевиќ.

Вучевиќ додаде дека тие што протестираат наметнуваат дека жалат за трагедијата и дека однапред пресудиле кој е виновен.

Слични содржини