32
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска на својот Инстаграм профил се огласи по повод церемонијата на инаугурација на новиот претседател на Индонезија и порача дека на сите меридијани се препознава дека Србија е најуспешната земја во нашиот регион.
„Извонредно организираната церемонија на инаугурација на новиот индонезиски претседател беше можност да разговарам со бројни светски лидери“, рече Вучевиќ во соопштението.
„Србија е најуспешната земја во нашиот регион и тоа се препознава на сите меридијани“, посочи тој.