Вучиќ: На припадниците на специјалните единици, плати од 200.000 динари, со прекувремена работа до 320.000 динари

од Radmila Tasevska
163 прегледи

Претседателот Александар Вучиќ денес по средбата во Домот на гардата на Војската на Србија во Топчидер, на која му беа презентирани резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на Армијата за 2022 година, изјави дека Армијата ќе се фокусира повеќе на домашно производство на беспилотни летала и дронови во наредниот период, како и дека дополнително ќе се работи на зајакнување на специјалните единици.

Вучиќ најави дека зголемена плата ќе добијат и припадниците на специјалните единици и дека основната плата ќе биде повеќе од 200.000 динари, а дека со прекувремена работа ќе биде и до 320.000 динари месечно.

„На Националниот празник ќе издадам наредба како врховен командант, а потоа началникот на Генералштабот ќе распише конкурс за прием на млади мажи и жени во специјалните единици, до 5.000 луѓе“, рече Вучиќ.

Слични содржини