Вучиќ: Продолжуваме со реформите; Фон дер Лејен: Иднината на Србија е во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
128 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен ја истакнал определбата на Србија да продолжи со реформскиот процес со цел подобар живот за сите граѓани и постигнување статус на полноправна членка на Европската унија, а таа нагласила дека иднината на Србија е во ЕУ и повика на преземање натамошни важни чекори на тој пат.

Според соопштението објавено на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“, Вучиќ со претседателката на ЕК разменил мислења за актуелната ситуација во регионот, продолжувањето на евроинтеграцискиот пат на Србија со потребните реформи, како и за напредокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Вучиќ изразил благодарност до Европската комисија за помошта и поддршката во развојот и модернизацијата на енергетската и транспортната инфраструктура во Србија, како и за личната посветеност која Фон дер Лејен ја дава на европскиот пат на Србија.

Слични содржини