164
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на централната манифестација на Денот на сеќавањето во Сомбор изјави дека агресијата врз СРЈ започнала пред 24 години и дека модерното меѓународно право починало пред 24 години.
„Звучи како неважна бирократска реченица, но е многу повеќе од тоа. Оттогаш, ништо во светот не може да биде полошо од она што и го направија на една мала земја која беше виновна затоа што сакаше да биде сама, слободна, слободарска, а не им се допадна на оние кои во 89 и 90 го уништија стариот поредок и создадоа нов“, рече Вучиќ на митингот плоштадот Свети Ѓорѓи.