Вучиќ: За деескалација и враќање на Србите во институциите потребно е формирање на ЗСО

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, телефонски разговарал со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, на кого му пренел дека за деескалација на ситуацијата на Косово и враќањето на Србите во приштинските институции, потребно е да се почитува Бриселскиот договор, односно да се формира Заедница на српски општини.

Шефот на италијанската дипломатија, Тајани му посочил на Вучиќ дека е неопходно да се зачуваат мирот и стабилноста и затоа побарал деескалација на ситуацијата на Косово, како и враќање на Србите во институциите во Приштина, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

„Претседателот Вучиќ рече дека за ова е потребно да се исполни еден мал и едноставен услов, а тоа е да се почитува бриселскиот договор, односно да се формира Заедница на српски општини, на што Приштина се обврза со потпишувањето пред речиси десет години, а се друго е производ на еднострани одлуки и потези на Приштина“, се наведува во соопштението.

Вучиќ повторил дека Србија останува посветена на политиката на мир и стабилност.

Слични содржини