Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград, на приемот на децата од српска националност од Словенија, изјави дека „неверојатно е колку луѓе ги бранат боите на Словенија, но тие ја сакаат Србија и српскиот народ и не се откажале од својот род“.
Обраќајќи им се на децата од српска националност од Словенија кои се во посета на Белград по повод Божиќ, Вучиќ рече дека „без разлика дали отишле во Словенија од Зворник или Косово и Метохија, никогаш не се срамеле од своето српско име и презиме“.
„Верувам дека е важно да го зачувате вашиот јазик, да го зачувате вашето српско кирилско писмо, да се грижите за својот народ“, рече Вучиќ.
Тој рече дека „во тешки времиња за човештвото и Европа“ ја повикува „цела Србија на духовно единство“.
„Ќе се молам денес и утре за мир, за живот и опстанок на нашиот народ. Ќе дадеме се од себе нашите деца на Косово и Метохија да имаат мир и да учат во училишта како вас“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека „имаме многу луѓе надвор од границите на нашата земја“, како и дека „тоа станува голема и важна работа за сите нас“.
Редовните ученици на дополнителното училиште на српски јазик од повеќе градови во Словенија му подарија на претседателот Вучиќ слика која самите ја направија, а која претставува „портрет на Србија“.