Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на железничката станица Белград Центар во Прокоп го пречека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, од каде со воз ќе тргне до станицата Рипањ.
Вучиќ и Вархеји ќе одржат средба во четири очи во возот, по што свечено ќе ја потпишат првата транша од инвестицискиот грант за делницата Белград-Ниш како дел од финансискиот пакет за железничкиот Коридор 10.
За време на возењето ќе се одржи и состанок на членовите на делегациите на Србија и ЕУ.