Приштина не сака да формира Заедница на српските општини на Косово, иако тоа беше предвидено со Бриселскиот договор уште во 2013 година, туку само да предизвика воен конфликт и Србија да биде во тензичен однос со НАТО и целиот свет и да се претстават себеси како жртви на балканскиот Зеленски, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Собранието на Србија на посебна седница за Косово.
Вучиќ рече дека режимот во Приштина почнал да ги малтретира Србите на Косово само со цел да ги понижи и да предизвика конфликт.
„По поставувањето на барикадите, нивната единствена намера, бидејќи немаа намера да ја спроведат ЗСО, е да предизвикаат војна, да ја доведат Србија во конфликт со НАТО и целиот свет и да се претстават како жртви на балканскиот Зеленски и нас како Агресори, како некој што се заканува – погледнете го лицемерието – територијалниот интегритет на суверената и независна држава Косово“, истакна Вучиќ.